По продажбата на подбрендот Honor од страна на Huawei при крајот на минатата година, веќе почна да се очекува дека новите телефони кој ќе ги претставуваат од оваа сега независна компанија, ќе можат да ги користат забранетите за Huawei сервиси и апликации од Google.

Тоа не се случи одма, односно со претставувањето на првиот телефон по издвојувањето од Huawei, но сега со претставувањето на новите Honor 50 и Honor 50 Pro, од компанијата потврдуваат дека ќе можат да ги вклучат Google апликациите без проблем.

Од компанијата, која сега е во сопственост на група инвеститори од Шенжен, минатата недела ги претставија двата нови модели кои во Кина ќе почнат да се продаваат од 25 овој месец. Нема точна дата кога ќе почне продажбата надвор од Кина, но може да се очекува во периодот што следи во ограничен број на земји во светот.

Тоа што е главно од најавата на овие телефони е враќањето на Google кај брендот, нешто што сигурно ќе биде привлечно за купувачите надвор од Кина, а посебно што се работи за бренд кој започна под капата на Huawei.

Honor 50 и Honor 50 Pro се телефони од средно високата класа, а посебно се издвојуваат камерите со двата големи кружни модули на задната страна. Доколку станат пошироко достапни, овие модели сигурно ќе бидат популарни кај купувачите, а посебно тие кои се фанови на Huawei.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOnePlus станува дел од Oppo, но ќе ги задржи брендот и независноста
Следна статијаКаратистите на Макпетрол со девет финалиња на младинското државно првенство во карате
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.