Скопје – 27 октомври 2023 г. – Со задоволство можеме да ја споделиме веста дека Samsung Galaxy Z Flip5 е вклучен во листата на најдобри иновации за 2023 година од страна на списанието TIME, кои го прават светот подобар, попаметен и позабавен. Ова е трета година по ред како серијата Galaxy ја добива оваа престижна награда.

За да ја состави листата за 2023 година, TIME побара номинации од своите уредници и дописници ширум светот, оценувајќи го секој кандидат според клучните фактори, вклучувајќи ја оригиналноста, ефективноста, амбициозноста и влијанието.

Култниот Galaxy Z Flip5 има нов изглед и оптимизиран дизајн, поради кој тој се сместува во секој џеб и е совршен за самоизразување без да се загрози функционалноста. Напредните функции овозможуваат уникатни искуства кои го обликуваат секојдневниот живот. На пример, новиот надворешен екран Flex Window им помага на корисниците брзо да се фокусираат на најважните известувања и нуди бескрајни опции за персонализација.

Поставувајќи нов стандард и револуционизирајќи ја индустријата и начинот на кој луѓето комуницираат со нивните уреди, Galaxy Z Flip5 природно претставува изум кој го менува начинот на кој живееме, работиме, се забавуваме и размислуваме за нови можности.

Прочитајте повеќе за тоа што мислат креаторите на магазинот Time за Galaxy Z Flip5 тука.

Претходна статија„Макпетрол“ го поддржа новиот детски парк во Општина Илинден со хортикултурно уредување
Следна статијаОдржана отворена дискусија на МИОА со претставници на ИТ секторот