Според SamMobile, Samsung планира да користи нов OLED екран кај Galaxy S26 Ultra идната година кој ќе ја користи вештачката интелигенција за прилагодување на аголот од кој ќе може да се гледаат работите.

Овој екран беше презентиран оваа година во рамките на MWC, па не е целосно сигурно дека навистина од компанијата ќе почнат уште следната година да го користат. 

Како и да е, целта на прилагодливоста на екранот е подобра приватност за корисниците, а технологијата која се користи со помош на ВИ е наречена Flex Magic Pixel. 

Користењето на вештачката интелигенција ќе овозможи точно прилагодување кога има потреба од промена на аглите од кои може да се гледа екранот, па доколку корисникот ја внесува неговата лозинка или гледа апликација од неговата банка, никој од страна нема да може да ги види информациите од екранот. 

Корисниците веќе користат посебни „штитници за екранот“ кои овозможуваат ваква заштита, но нивната слабост е што функционираат цело време и го намалуваат квалитетот на сликата. 

Galaxy S26 Ultra на корисниците ќе им овозможи целосно искористување на нивниот екран, односно светлината и боите, заедно со можноста за заштита на приватноста. 

Уште една информација доаѓа од објавата на SamMobile, а тоа е мала промена во „поставата“ на серијата. Наводно основниот S26 ќе биде наречен S26 Pro, додека „+“ моделот ќе биде целосно заменет од Galaxy S26 Edge. Тоа значи дека Samsung ќе остане на претставување на три модели, со тоа што тенкиот модел ќе стане дел од оваа серија. 

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаКорисниците ќе мораат да ги ажурираат апликациите симнати преку Microsoft Store 
Следна статијаКористењето на вештачка интелигенција од страна на докторите ја намалува нивната способност за дијагностицирање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.