Фото: Samsung

Скопје, 2 октомври 2025 – Samsung претставува ексклузивна промоција која ќе ја направи есента уште попосебна за сите оние на кои мобилниот уред им е важен за подобрување на комуникацијата, зголемување на продуктивноста и поедноставување на секојдневните интеракции, прилагодувајќи се на секој корисник. Промоцијата овозможува полесно и весело враќање во секојдневната рутина по летните одмори. Со купување на избрани Galaxy паметни телефони, секој купувач ќе добие на подарок Galaxy S25 FE.

Во центарот на оваа промоција се најновите преклопни телефони од Galaxy Z серијата и уредите од Galaxy S серијата. Galaxy Z серијата сега е унапредена, потенка и поелегантна. Galaxy Z Fold7 носи професионални ултра камери на преклопен уред; со првата 200-мегапикселна широкоаголна камера во Z серијата и дополнителна 10-мегапикселна широкоаголна камера, Z Fold7 снима извонредни детали и живописни бои, дури и при слабо осветлување, додека вештачката интелигенција автоматски го прилагодува осветлувањето и деталите. Без разлика кој телефон ќе го изберат, купувачите ќе бидат воодушевени од напредната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI, која се прилагодува кон секој корисник, ги олеснува секојдневните задачи и носи нови начини за забава, креирање и поврзување со другите.

Фото: Samsung

Galaxy AI: Поврзува, советува и овозможува интеракција во реално време

Додека есента полека ги менува боите на градот, Galaxy AI им помага на корисниците секој момент да го забележат и уредат едноставно и прецизно. Без разлика дали станува збор за фотографии, видеа или креативни аватари, паметната вештачка интелигенција го олеснува изразувањето и споделувањето содржини. Photo Assist и Generative Edit автоматски ги прилагодуваат снимките, го подобруваат осветлувањето и боите, ги отстрануваат несаканите објекти и ги оптимизираат позадините за совршен изглед на фотографиите. Portrait Studio овозможува креирање реалистични персонализирани аватари со детални и природни изрази на лицето. Instant Slow-mo го претвора кое било видео во забавена снимка со еден допир, додека Audio Eraser ги изолира и отстранува непосакуваните звуци како бучава од околината, музика или гласови, давајќи им на корисниците целосна контрола над видео и аудио содржината.

Gemini Live сега е дополнет и со мултимодална вештачка интелигенција, која разбира што корисниците гледаат, зборуваат и прават, така што доволно е едноставно да се внесе или изговори контекстуално прашање и веднаш да се добие одговор без „префрлување“ меѓу апликации. Со можноста за споделување на содржини од екранот со Gemini Live или споделување преку камерата, корисниците едноставно можат да му покажат на асистентот Gemini што гледаат на екранот или низ објективот на камерата и да постават прашање за моментален одговор. Со функцијата Circle to Search with Google, доволно е едноставно да се заокружи ставка на екранот за веднаш да се добијат релевантни информации, совети или упатства за било што што се прикажува. Galaxy AI можете да го испробате уште денес преку апликацијата Try Galaxy и да се уверите како паметниот телефон може да работи во ваша корист.

Фото: Samsung

Подарок што воодушевува: Galaxy S25 FE со купување на избрани Galaxy уреди

Оваа есен твоите моменти сјаат уште повеќе, бидејќи со купување на паметен телефон Galaxy Z Fold7Z Flip7Z Flip7 FES25 UltraS25+S25 или S25 Edge , на подарок добиваш уред кој ќе го израдува секого: Galaxy S25 FE (128GB во црна боја). Овој паметен телефон е осмислен за да открие нови нивоа на креативност благодарение на напредните AI алати за уредување, вклучувајќи Generative Edit и Instant Slow-mo, додека унапредената предна камера од 12 MP, поддржана од ProVisual Engine, овозможува врвни селфи фотографии. Батеријата од 4.900 mAh и, за повеќе од 10% поголемата парна комора, обезбедуваат мазни и одзивни перформанси со поддршка за жично полнење од 45 W, кое ја гарантира креативноста и поврзаноста на корисниците во секој момент.

Промоцијата трае од 2 октомври до 31 октомври ноември или до исцрпување на залихите, а повеќе информации можете да најдете на следниот линк.

Претходна статијаMicrosoft го претстави Microsoft 365 Premium пакетот кој ги спојува Copilot Pro функциите со претплатата за „Office“