Телеком го проширува своето семејство уреди со вештачка интелигенција (AI уреди) со нов модел, AI-phone Pro кој ќе биде достапен од 20 октомври во Македонија. Моделот Pro, има моќна поддршка од вештачка интелигенција со помошникот Perplexity и интеграција на Picsart во камерата. Покрај тоа, тој се одликува со подобар хардвер, проширени функции и висока Еко-оценка. Со AI-phone Pro, AI-phone и AI-tablet, Телеком ја прави вештачката интелигенција достапна за сите.
Корисниците имаат придобивка од интегрираниот асистент Perplexity, којшто одговара на прашања и дава поддршка во секојдневниот живот – без разлика дали како личен AI асистент, за наоѓање идеи за рецепти, за раскажување приказни или за преведување текстови. Како сеопфатен уред, AI асистентот исто така препознава објекти пред камерата и комуницира со содржината на екранот. Ова го прави практичен помошник во секојдневниот живот. Покрај Асистентот Perplexity, којшто останува трајно на уредот, вклучена е и 18-месечна претплата за Perplexity Pro. Понатаму, корисниците имаат придобивка од 12-месечна лиценца Picsart Pro со 500 дополнителни кредити месечно за дизајнирање индивидуални аватари и позадини. Ова го прави уредувањето слики исклучително лесно.
Исклучително бистра слика благодарение на тројната камера
AI-phone Pro е лансиран како новиот T Phone 3 Pro. Има 6,8-инчен дисплеј со висока резолуција од 120 херци и се одликува со извонредна камера. Моќната тројна камера доаѓа со стабилизација на сликата и оптимизација на сликата поддржана од вештачка интелигенција од Picsart. Ажурираниот процесор гарантира дека дури и сложените апликации работат непречено. Според тоа, уредот е наменет и за секојдневните корисници и за луѓе коишто ги ценат функциите со високи перформанси. Во исто време, моделот има одлични карактеристики за одржливост: Тој ја доби ознаката #GreenMagenta и одлична оценка од 88/100 во Еко-оценката на смарт телефони.
Новиот AI-phone Pro ќе биде достапен во Македонија, Грција, Хрватска, Австрија, Полска, Словачка, Чешка и Унгарија.