Фото: Shutterstock.com

YouTube веќе ја користи вештачката интелигенција со цел да процени дали корисниците на сервисот се под или над 18 годишна возраст. Ова се прави со цел да се заштитат помладите корисници, кои не секогаш го ставаат нивниот точен роденден. 

Проценката на возраста ќе се прави преку интерпретирање на повеќе сигнали, како што се видот на видеа кои корисникот ги пребарува, категориите на видеа кои ги има гледано, како и должината на постоење на сметката. 

Доколку за некој корисник се оцени дека е под 18 години, ќе бидат вклучени одредени заштити, како исклучување на прикажувањето на персонализирани реклами, заштита на предлозите на видеа и слично. 

Корисниците кои погрешно ќе бидат проценети како малолетни, а очекувано е дека ќе има такви, ќе мора да докажат дека се полнолетни преку внесување на платежна картичка или лична карта. 

Оваа новина се тестира во одредени земји, а сега започнува и во САД. Од Google истакнуваат дека со тек на време се очекува проширување во останатите земји. 

ИЗВОРTechSpot
Претходна статија15 години Баскерфест – уличната магија тргнува на пат низ Македонија
Следна статијаПатувај попаметно од кога било: Како Galaxy AI функциите на Galaxy Z Fold7 го прават патувањето полесно и поубаво
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.