YouTube започна да ја тестира можноста да на корисниците им бидат исклучени известувањата од каналите за кои имаат избрано да ги добиваат сите известувања, доколку одреден период престанат да го гледаат тој канал.
Известувањата ќе продолжат да бидат достапни во листата со известувања во YouTube, но нема да им бидат пуштани на корисниците од самата апликација.
Исто така, корисниците кои ги имаат вклучено сите известувања од одреден канал и продолжуваат да имаат редовна интеракција со тој канал, ќе продолжат да ги добиваат овие известувања.
Во основа, целта на YouTube е да корисниците не добиваат премногу известувања од нивната апликација и со тоа истите да почнат да им бидат проблем.
Според компанијата, голем број корисници ќе се претплатат на сите известувања од некој канал, како што обично бараат нивните сопственици преку видеата, па потоа тој канал веќе нема да им биде толку интересен.
Наместо да ги променат известувања од тој канал, тие често се одлучуваат да ги исклучат известувањата од целата апликација со што веќе нема можат да добијат никакво известување.
Ова секако не е добро за другите креатори, а со тоа и за YouTube, па од компанија ја тестираат оваа можност за подобрување на искуството на корисниците. Ќе видиме дали ќе им биде пуштена на сите.