Со месечна претплата од 4,99 долари, односно 1,99 за првите 10.000 корисници, Viber почна да нуди можност за добивање на локален телефонски број. Луѓето од земјата или градот од каде е добиен телефонскиот број, ќе можат да се јавуваат исто како кај било кој друг локален број, а цената на нивниот повик ќе им биде иста.

Локален број значи дека како корисник можете да земете број од било која град во светот и да го користите за добивање повици и пораки, исто како да сте во тој град во моментот. Тоа значи дека страната која повикува нема потреба да прави меѓународен повик.

За почеток Viber Local Number е достапен само во три земји, САД, Канада и Британија, а исто така сопственикот на бројот не може да се јавува од тој број, ниту да одговори на добиените пораки.

Ситуации кога оваа услуга е корисна може да се поделат во два вида. Едната е за бизнис корисниците кои можат да им овозможат на своите клиенти можност локално да ги бараат, иако тие не се лоцирани во таа земја.

Исто така, обичните корисници можат да комуницираат со своите роднини и пријатели кои немаат Viber или некоја од другите вакви апликации, што во денешно време обично би се работело за постари луѓе. Тие ќе можат да се јават кај луѓето во странство без да прават меѓународни трошоци.

Viber Local Number е достапен со најновата верзија од апликацијата и можете да го најдете во менито од апликацијата, во свој посебен дел.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2Viber
Претходна статијаMicrosoft ја претстави првата тест верзија од Edge направен на Chromium
Следна статијаHuawei во Скопје ја претстави извонредната HUAWEI P30 серија на паметни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.