Фото: Spotify

Spotify најави нова и интересна функција за своите Premium претплатници која за почеток е со бета ознака. Истата доаѓа под името и новото копче „Mix“, а во основа на корисниците ќе им овозможи да бидат диџеи и да ги направат поинтересни нивните листи со музика. 

Како што може да се заклучи и од самото име, Mix на корисниците ќе им овозможи да додадат посебни преоди помеѓу песните во нивните листи, а покрај можноста истото да биде направено автоматски, корисниците ќе можат самите да изберат кога и како ќе биде направен преодот. 

За истото корисниците ќе можат да направат промена на звукот, „еквијалзерот“, ефекти и слично, а најкорисна ќе биде можноста визуелно да се видат нивоата за уште попрецизно правење на преодот. 

Фото: Spotify

Mix функцијата е достапна преку новото копче во самите листи со музика, а корисниците ќе можат да ги вклучуваат и исклучуваат направените преоди.

Покрај ова, овие листи со музика ќе можат да се споделат со други корисници, со кои ќе можат и заедно да работат на подобрување и измена на направените преоди. 

ИЗВОРSpotify
Претходна статијаSamsung Electronics ги претставува новите Odyssey G7 монитори и ги прикажува најпопуларните игри на своите екрани на саемот Gamescom 2025
Следна статијаLiquid Glass дизајнот на Apple можно е да ни го открива идниот редизајн на iPhone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.