Фото: Shutterstock.com

По конечното пуштање на „lossless“ квалитетот за своите Premium корисници, Spotify може да се каже дека додаде една голема причина зошто да се плаќа за сервисот, ако ограничувањата на бесплатниот пакет не се доволни. 

Со тоа од компанијата сега можат да си дозволат да ги намалат дел од ограничувањата за бесплатните корисници, барем тие кои се навистина претерани. 

Од компанијата сега најавија дека бесплатните корисници ќе можат директно да ја пуштат песната која ја бараат, наместо како досега, истата да е дел од „плејлиста“, по што треба да почнат да ја слушаат и да чекаат да дојде на ред. 

Ова исто така важи и за песни кои се споделени од пријателите, па може слободно да се каже дека со оваа промена бесплатното слушање на музика преку Spotify станува неколку нивоа подобро. 

Со ова се намалува потребата корисниците да плаќаат за Premium претплатата, но верувам дека додавањето на „lossless“ квалитетот е причината поради која од Spotify сметаат дека сега можат да си дозволат една ваква промена. 

Од Spotify најавија дека бесплатните корисници сега ќе можат да ги прилагодуваат своите „плејлисти“ со избор на слика, нешто што го дополнува искуството при користењето на апликацијата. 

Претходна статија„Зелена иднина: Од градинка до училиште“: дм дрогерие маркт најави раззеленување на училишните дворови низ целата земја
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.