До крајот на јули оваа година, односно од 31 јули, Samsung планира да започне со бришење на сметките од корисниците кои веќе не ги користат. За да една сметка влезе во оваа категорија истата треба да не е користена најмалку 24 месеци, односно две години.
По 31 јули, корисниците кои нема да се најават на својата сметка, а не ја користеле најмалку 24 месеци, ќе им биде избришана заедно со сите податоци кои потоа веќе нема да може да бидат вратени.
Информацијата за ова доаѓа од порталот Sammobile, кои известуваат дека од Samsung веќе започнале со испраќање на имејл пораки до корисниците кои имаат стари сметки.
Оваа практика е стандардна кај компаниите кои работат со огромен број на корисници и нивни податоци, па на овој начин се заштедува на ресурсите кои се потребни, а исто така се заштитуваат податоците на корисниците.
Второто како причина се истакнува од страна на Samsung, а јасно е дека сметките кои одамна на се отворени имаат поголем ризик да бидат пробиени, по што може да се пристапи до лични податоци на корисниците.
Доколку имате Samsung сметка, а моментално не користите телефон од компанијата, можете да се најавите на истата до 31 јули за да го спречите нејзиното бришење. Јас би препорачал и да ги проверите податоците, а и да ја промените лозинката и да додадете дво-факторска автентикација.