Netflix објави дека започнуваат соработка со познатите Spotify преку нов договор за пуштање на видео поткасти. Ваквата содржина веќе е доста позната на Spotify, па дел од истата ќе може да се гледа и преку Netflix.
Од компанијата најавија листа на поткасти кои ќе станат достапни од почетокот на идната година, а истите се во три категории засега, односно спорт, култура и животен стил и криминал.
За почеток овие видео поткасти ќе им бидат достапни на корисниците од САД, но се најавува проширување на достапноста и на други пазари подоцна.
„Во Netflix, секогаш бараме нови начини да ги забавуваме нашите членови, каде и како и да сакаат да гледаат“, рече Лорен Смит, потпретседател на Netflix за лиценцирање содржини и стратегија за програма. „Бидејќи видео поткастите продолжуваат да растат во популарност, нашето партнерство со Spotify ни овозможува да им понудиме целосни видео верзии на овие врвни емисии на публиката и на Netflix и на Spotify. Од поп-култура и начин на живот до вистински криминал и спорт, овој куриран избор на видео поткасти додава свежи гласови и нови перспективи на Netflix, правејќи ја нашата забавна програма повозбудлива од кога било.“