Фото: Microsoft

Microsoft во Австралија започна со тестирање на Stories функција на нивниот сервис OneDrive. Иако името на функција веднаш асоцира на истата кај друштвените мрежи, сепак целта на Microsoft не е да го претвори OneDrive во уште една друштвена мрежа.

Stories на OneDrive е замислена како начин на споделување на слики и видеа со избрана група на луѓе, кои ќе можат да ги видат само доколку добијат линк од вас. Вакво нешто веќе одамна е можно на OneDrive, па со новата можност тоа ќе може да се направи на нешто поразличен и интересен начин.

По изборот на слики и видеа, односно креирањето на „приказна“, корисниците ќе можат да испратат линк до тие што би сакале да ја видат, а корисниците ќе можат да почнат и да ги следат, односно да ги видат сите нивни „објави“.

На Stories објавите ќе може да се реагира, да се оставаат коментари и слично, што е очекувано за една ваква можност.

Од Microsoft најавуваат дека во САД и други региони новата можност би била пуштена до крајот на годината, а генералното пуштање би зависело и од реакцијата на корисниците во тест периодот.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаInstagram сметките сега може да се избришат директно преку iOS апликацијата
Следна статијаПотрошувачки Еко-кредит на Халкбанк за енергетски ефикасни производи и проекти
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.