Преку својот блог во којшто истакнува неколку новини на прилагодувањата за пристапност (accessibility), Google ја претстави и затворената бета верзија од нивниот нов сервис наречен Voice Access.

Овој сервис овозможува целосна контрола на уредот преку гласовни команди. Треба да се прави разлика помеѓу гласовните команди на Google Now и сличните кои се наменети во главно за пребарување, креирање потсетници и слични активности кои треба да бидат еден вид на асистент на корисникот.

Voice Access е наменет за корисниците кои имаат потешкотии при користењето на уредот со нивните раце поради парализа, тресење на рацете или други причини поради кои во моментот не можат да ги користат.

За да го реши овој проблем кај корисниците, Voice Access овозможува отворање на апликации, скролање, враќање на горниот дел од екран, враќање на главниот екран и слично. За дополнително да ја олесни работата, на одредени делови од екранот се поставуваат и бројки, како на пример до апликациите, па корисникот може само да ја каже бројката, наместо името на апликацијата.

Овој сервис сигурно може да најде примена и во други ситуации, како на пример при готвење, па рацете не се чисти за користење на уредот.

Google Voice Access е достапен за помала група на корисниците во бета верзија, а корисниците може да се обидат да добијат пристап преку следниот линк, меѓутоа сега за сега бројката е пополнета.

Извор: Google, TNW, Engadget

Претходна статијаХакери лесно пробија iPhone 6S со помош на Siri, Apple веднаш го закрпи проблемот
Следна статијаHP Spectre x360 15 е одличен 15 инчен лаптоп од високата класа наменет за пошироката публика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.