Фото: Shutterstock.com

За повеќето корисници, пуштањето на можноста музиката да се слуша во повисок квалитет на Spotify, реално нема да направи некоја голема разлика. Слушањето на музика во „lossless“ квалитет во главно прави разлика при поврзување на слушалките со кабел, а тука е и способноста на корисникот да воопшто ја забележи разликата. 

Сепак, дел од конкурентите веќе ја нудат можноста за слушање на музиката во „lossless“ квалитет, па дека такво нешто планираат и од Spotify, сервисот кој е дефиниција за стриминг на музика, со години се најавува. 

Оваа година би требало да е таа која конечно ќе ја донесе оваа функција кај Spotify, а покрај стандардните најави кои можевме да ги прочитаме, сега потврда доаѓа и преку проверка на кодот на апликациите од сервисот. 

Од тоа што е откриено во кодот, музиката со повисок квалитет на Spotify ќе биде достапна до 24-bit/44.1 kHz. 

Според досегашните информации, Music Pro треба да биде името на пакетот кој ќе вклучува слушање во „lossless“ квалитет, а корисниците ќе треба да доплатат за истиот врз цената која веќе ја плаќаат за Premium пакетот.

Ова можеби делува како скапо, посебно кога ќе се спореди со Apple Music, на пример, но кога ќе се земе во предвид дека овој квалитет обично може да се забележи преку поквалитетни слушалки и друга опрема, од страна на „вистинските аудиофили“, одлуката на компанијата не е толку чудна.

Пуштањето на новиот пакет се очекува до крајот на годината, па ќе видиме дали оваа година ќе биде таа кога Spotify конечно ќе го добие „lossless“ квалитетот. 

Инаку, „lossless“ квалитет на музика значи дека аудио датотеката е компресирана без губење на оригиналниот квалитет на звукот. Со други зборови, секој детал од оригиналната снимка е зачуван, за разлика од популарните формати, каде што дел од информациите се губат за да се намали големината на датотеката.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаВо четврток започнува 7. издание на филмската ревија „Златна ремка“
Следна статијаGalaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.