После одличната најава минатата година дека голем дел од Galaxy уредите ќе добиваат надградба на наредните три верзии од Android, сега Samsung оди чекор понатаму и најавува дека кога се во прашање безбедносните надградби, нивните Galaxy уреди ќе ги добиваат најмалку во наредните четири години од претставувањето на уредот.

Ова новина ќе важи за уредите кои се претставени од 2019, па наваму, односно од Samsung истакнуваат дека се работи за околу 130 уреди. Дел од тие уреди ги вклучува следните:

  • Galaxy Foldable devices: Fold, Fold 5G, Z Fold2, Z Fold2 5G, Z Flip, Z Flip 5G
  • Galaxy S series: S10, S10+, S10e, S10 5G, S10 Lite, S20, S20 5G, S20+, S20+ 5G, S20 Ultra, S20 Ultra 5G, S20 FE, S20 FE 5G, S21 5G, S21+ 5G, S21 Ultra 5G
  • Galaxy Note series: Note10, Note10 5G, Note10+, Note10+ 5G, Note10 Lite, Note20, Note20 5G, Note20 Ultra, Note20 Ultra 5G
  • Galaxy A series: A10, A10e, A10s, A20, A20s, A30, A30s, A40, A50, A50s, A60, A70, A70s, A80, A90 5G, A11, A21, A21s, A31, A41, A51, A51 5G, A71, A71 5G, A02s, A12, A32 5G, A42 5G
  • Galaxy M series: M10s, M20, M30, M30s, M40, M11, M12, M21, M31, M31s, M51
  • Galaxy XCover series: XCover4s, XCover FieldPro, XCover Pro
  • Galaxy Tab series: Tab Active Pro, Tab Active3, Tab A 8 (2019), Tab A with S Pen, Tab A 8.4 (2020), Tab A7, Tab S5e, Tab S6, Tab S6 5G, Tab S6 Lite, Tab S7, Tab S7+

Надградбите на понови верзии, како и безбедносните надградби кои се посебни, долго време беа една од послабите точки на уредите кои работат на Android. Samsung може слободно да се каже дека веќе не е дел од тој проблем, па корисниците на Galaxy уредите добиваат редовни месечни безбедносни надградби, а надградбите на понова верзија од Android стануваат се побрзи, односно само 2 месеци по официјалното пуштање од страна на Google.

Добивањето на безбедносни надградби најмалку четири години ќе им овозможи на корисниците сигурност дека иако нивниот постар уред веќе не добива нови функции, барем е во тек со најновите работи поврзани со безбедноста на нивниот уред.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаПетров: Градиме партнерства и ја јакнеме соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите
Следна статијаMicrosoft Word добива предвидување на текстот за побрзо и полесно пишување
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.