Win82

Иако 8.1 верзијата на Windows беше официјално лансирана пред само еден месец, веќе се шпекулира дека Microsoft интензивно работи на нова 8.2 верзија од оперативниот систем. Според шпекулациите Windows 8.2 треба биде достапен како бесплатна надградба некаде од јануари следната година.

Како главна причина за ваквиот потег на Microsoft се споменува слабата прифатеност на новиот Windows, чии продажби се сеуште далеку од очекувањата на компанијата. Имено, поголемиот дел од корисниците на Windows 7 засега одбиваат да ја направат миграцијата на новиот оперативен систем.

Со Windows 8.1 надградбата, Microsoft адресираше голем број од недостатоците на привичното Windows 8 издание, притоа фокусирајќи се на областите кои беа најкритикувани од страна на корисниците.

И со новата надградба се очекува компанијата да продолжи во истиот правец, имплементирајќи неколку генерални подобрувања, корекции и нови функции. Доколку се потврдат гласините, со Windows 8.2 конечно ќе се врати и класичното „Start” мени, околу чие изоставување се крена и најголемата фама.

Претходна статијаQualcomm IPQ интернет процесор
Следна статијаSamsung ја повлече Android 4.3 надградбата за Galaxy S3