Фото: Shutterstock.com

Windows 11 во некоја од наредните надградби ќе добие мала, но корисна функција, а тоа е можност за мерење на брзината на интернет конекцијата преку копче на долната лента. 

Оваа новина ќе биде достапна преку иконата за мрежата во „tray“ делот, како и преку копче во листата на безжични мрежи. 

За жал, притискањето на овие копчиња нема да започне мерење на брзината веднаш, па тие се само линкови до алатката за мерење достапна на Bing пребарувачот. 

Без разлика на тоа, сепак овој додаток ќе го поедностави мерење на брзината на интернет конекцијата, па корисниците побрзо ќе можат да го направат истото, без потреба од отворање на прелистувач, па внесување на адреса. 

Оваа новина е дел од тест верзиите на Windows 11, а не е познато кога точно ќе биде пуштена. Тоа што е интересно е што повеќето нови функции кои беа најавени оваа година и се тестираат, нема да станат достапни со 25H2 надградбата која ќе биде доста мала и неважна. 

Microsoft поради некоја причина, едната „голема“ надградба на Windows 11 ја прави неважна, па повеќето нови функции можат да се очекуваат да бидат пуштени подоцна и постепено. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаQualcomm го најави претставувањето на Snapdragon 8 Elite Gen 5
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.