Во најновите тест верзии од Windows 11 достапна е нова можност поврзана со пуштањето на аудио од компјутерот која засега може да се најде само на некои Android телефони.
Функцијата е наречена „Shared audio“ и истата овозможува поврзување на компјутерот со повеќе од еден уред за пуштање на звукот.
Ваквата можност е доста корисна поради можноста да се поврзат два пара на слушалки, на пример, по што корисниците можат да гледаат некој филм без потреба од делење на по една слушалка и слично.
Дополнително, поврзување на два звучници се користи при пуштање на музика и добивање на стерео звук или едноставно покривање на поголем простор, зависно од целта.
Оваа новина се очекува дека ќе биде дел од поголемата надградба на Windows 11 која стандардно се пушта во есен.