Во KB5065789 надградбата, која Microsoft почна да ја пушта на 29 септември, доаѓа мала, но доста корисна новина за корисниците кои работат со повеќе поврзани монитори.
Со инсталацијата на оваа надградба, овие корисници ќе можат да ги проверуваат известувањата од било кој екран, нешто што досега беше возможно само од тој што е избран како главен.
Центарот за известувања, со притискање на часовникот и датата, ќе се прикаже на тој екран од каде што е притиснато, односно корисниците нема да мора да го „носат“ глувчето до главниот екран и од таму да проверат.
Дел од оваа надградба е и новата апликација наречена Edit, која на програмерите и администраторите им донесува текст едитор во апликациите со командна линија.