Фото: Microsoft

Со некоја од наредните надградби на Windows 11, најверојатно главната годишна надградба во есен, оперативниот систем ќе добие ново, односно поточно делумно изменето Старт мени. 

Претпоставувам дека не повеќето корисници Старт менито во Windows 11 им е „ОК“, но за доста корисници истото не е баш добро, па критиките не се малку. Новите промени треба да го подобрат до некаде угледот на ова познато мени, но ќе видиме дали ќе биде така. 

По неофицијалната најава, Microsoft го потврди новиот дизајн на Старт менито, а сега ни прикажа и низ каков процес тие поминуваат при дизајнирањето. 

Тоа што привлекува посебно внимание кај оваа објава од компанијата е прикажувањето на неколку дизајни кои биле земени во предвид пред да се одлучи за финалниот, односно тој којшто се користи и ќе продолжи да се користи и покрај измените. 

Од тоа што може да се види од петте слики кои ги објавија од компанијата, другите дизајни се доста посложени од тоа што е на крај одлучено, па иако може да се каже дека требало да им се даде шанса, сепак јасно е зошто е избран финалниот дизајн каков што е. 

Дизајните кои биле земени во предвид можете да ги погледнете во продолжение. 

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаНаредната Apple Intelligence функција ќе биде поврзана со батеријата на iPhone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.