Во презентација во рамките на Build 2025 конференцијата, Microsoft прикажа нова функција на која работат за Windows 11. Од некои причини тој дел е сега тргнат, но не пред доволно луѓе да забележат за што се работи и да зачуваат слики.
Се работи за можноста корисниците да продолжат со работата од апликација на мобилниот на нивниот компјутер на едноставен и автоматски начин.
Оваа функција веќе одамна е достапна кај macOS, iOS и другите системи од Apple, наречена Handoff, а корисниците можат доста лесно да ја отворат истата страна која ја гледаат на Safari или Chrome од нивниот телефон, на компјутерот.
Од тоа што може да се види, Microsoft презентацијата ја има направено со Spotify, па секогаш кога корисникот ќе ја користи апликацијата на неговиот Android телефон, икона од апликацијата со ознака од мобилен ќе се појави на долната лента од Windows 11.
За ваква можност веќе можевме да прочитаме, но само за неколку апликации од Microsoft, па сега гледаме дека од компанијата планираат додавање на целосна поддршка за сите апликации.
Секако, програмерите ќе треба да ја искористат оваа можност и да ја додадат кај нивните апликации, па ќе видиме колку од нив ќе го направат тоа.