Можеби Linux верзиите и macOS важат како популарни кај програмерите и дизајнерите, сепак Windows со бројката на корисници не може да се каже дека не им е доста сериозна конкуренција.
Ова посебно важи за систем администраторите кои ги менаџираат компјутерските системи на компаниите кои во главно функционираат на Windows.
Оваа категорија на корисници добива нова функција кај Windows 11 која ќе им овозможи доста подобро искуство, кое може да се спореди со Linux и macOS.
Нова алатка, која беше најавена и претставена оваа година, ќе почне да доаѓа пред инсталирана кај Windows 11. Microsoft Edit е името на оваа алатка, а корисниците можат да ја симнат и преку GitHub доколку сакаат веднаш да ја пробаат.
Microsoft Edit е едноставен текст едитор кој е направен да функционира во апликациите со командна линија, односно во апликациите како Command Prompt, Windows Terminal и PowerShell.
Со алатката, корисниците ќе можат да прават измена на датотеки директно во овие апликации, а секако Edit не е замислена целосно да ги замени апликациите како Notepad++ и слични.
Интересно е што постарите верзии од Windows доаѓаа со ваква алатка, а истата беше наречена MS-DOS Editor. Со промената на архитектурата на Windows, истата стана некомпатибилна, а никогаш не беше пуштена понова верзија.
Microsoft Edit е направена со отворен код и е развиена во Rust.