Фото: Depositphotos

Како се ближи крајот на поддршката за Windows 10, очекувано е дека Microsoft ќе ја засили кампањата за мотивирање на корисниците да се префрлат на Windows 11. Тоа немаше да биде толку тешка задача доколку се работеше само за едноставна надградба на системот, па поголемиот дел од корисниците ќе мора да купат нов компјутер, во главно поради барањата кои од компанијата ги имаат поставено за Windows 11. 

Најверојатно со цел да не ги изгуби целосно корисниците кои не сакаат да се префрлат на Windows 11, Microsoft им овозможи на корисниците уште една година на безбедносни надградби за нивниот Windows 10 компјутер, бесплатно само преку користење на Windows Backup алатката. 

Корисниците сѐ уште ја имаат можноста да доплатат за продолжената поддршка, но сега тие ја имаат и оваа бесплатна можност. 

Во истата објава каде ја најавува оваа бесплатна можност, Microsoft ги истакнува и предностите на Windows 11 во споредба со Windows 10. 

Едно од тврдењата е дека Windows 11 е за 2,3 пати побрз од Windows 10, односно користењето на Windows 11 донесува 2,3 пати подобри перформанси на компјутерот. 

Ова тврдење од компанијата го темелат на тестирања направени со Geekbench 6 апликацијата која е една од најпознатите. 

Проблемот се јавува кога ќе се видат конфигурациите кои се користени за тестирање, односно од компанијата ги немаат тестирано двата системи на исти конфигурации, а тие користени за Windows 10 се постари од тие за Windows 11. 

Јасно е дека Windows 11 ќе добие толку голема предност кога системот е тестиран на понов и со тоа побрз хардвер. 

На пример, Windows 10 е тестиран на Intel Core 6, 7, 8 и 10та генерација, додека Windows 11 на 12 и 13та генерација од Intel Core процесорите. 

Една работа која мора да им се признае на ваквиот начин на тестирање е што повеќето корисници за да можат да го користат Windows 11, ќе мора да купат компјутер со тие или понови процесори, па од тој аспект споредбата е до некаде точна. 

Кратко кажано, Microsoft сака да каже дека префрлувањето на Windows 11 обично вклучува купување и на нов компјутер со што корисниците можат да очекуваат големо подобрување на перформансите. 

Тоа што не го кажуваат е дека истото важи и за Windows 10 или било кој систем, па Windows 11 реално ја нема истакнатата предност. 

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаApple планира да претстави поевтин MacBook кој ќе работи со чип од iPhone
Следна статијаДојран – приказна што не се раскажува туку едноставно се доживува
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.