Window 10X е верзија од овој оперативен систем која е наменета за уредите со двојни екрани, како Surface Neo, како и за уредите со екрани кои се превиткуваат. Сепак, не е до крај јасно дали сепак на овој оперативен може да се гледа како на иднината на Windows 10, па за некоја година да стане единствената верзија достапна за сите видови на уреди.

Оваа верзија од Windows 10 доаѓа со целосно различно Старт мени кое ги нема „живите“ плочки кои не успеаја да добијат на популарност. Наместо нив ќе има обични икони од апликациите подредени според тоа колку често се користат, а под нив ќе бидат достапни и документите кои корисниците често ги отвораат и слично.

Windows 10X ќе има и дополнителна имплементација на Fluent дизајнот, па се очекува да изгледа подобро од тоа што моментално го гледаме кај Windows 10.

Според најавите од Microsoft, Windows 10X ќе биде доста подобар од Windows 10 и во уште една клучна работа, а тоа е брзината на инсталација на надградби, односно ажурирање на системот.

Ажурирањето на 10X ќе се прави за помалку од 2 минути, односно за 90 секунди. Се што ќе треба корисникот да направи е да го рестартира системот, по што тој ќе се вклучи во новата верзија.

Дечките од Windows Central убаво објаснуваат како ова ќе биде можно. Во основа, оперативниот систем ќе биде издвоен од датотеките на корисниците и апликациите. По инсталацијата на нови верзии од системските датотеки, односно тие кои го ажурираат системот, на посебна партиција на дискот, рестартирањето ја менува моменталната со таа партиција, со што се добива новата верзија од оперативниот без потреба од чекање.

Ова е дефинитивно нешто што корисниците би сакале да го видат на својот компјутер, па добро е да се знае дека ќе се воведе во периодот што следи.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаБилети за натпреварот Еурофарм Пелистер-Нексе за секој кој користи сигурносен појас
Следна статијаОткажан MWC 2020 саемот поради Коронавирусот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.