Моментално Search функцијата во Windows 10, односно пребарувањето во оперативниот систем се прави преку Cortana. Двата системи се интегрирани еден со друг, па како корисник можете да изберете дали ќе пребарате нешто со пишување или преку гласовна команда.

Иако според мене ова и не е така лошо решение, сепак од Microsoft сметаат дека двете функции подобро ќе се истакнат и развиваат доколку бидат издвоени и функционираат засебно.

„Одејќи напред, ќе ги издвоиме Search и Cortana во таскбарот. Ова ќе овозможи да секое искуство иновира независно со цел подобро да и служи на својата таргет публика и случаеви на употреба.“ – истакнаа од компанијата преку нивниот блог.

Крајната цел е да Windows 10 добие многу понапредна функција за пребарување која ќе им овозможи на корисниците наоѓање на податоците на компјутерот, како и дополнителни информации од интернет.

Windows Search ќе може да се користи само преку пишување, додека Cortana ќе биде повеќе тука за тие кои сакаат да користат гласовни команди за пребарување, но и за контрола на компјутерот, закажување на состаноци, поставување на потсетници и слично.

Промената моментално им е достапна на корисниците на Windows Insider програмата, додека на сите корисниците ќе им стане достапна преку наредната поголема надградба на Windows 10 оваа пролет.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаРуски стартап планира да постави „билборди“ во орбитата на Земјата
Следна статија(Видео) Запознајте ги најновите Samsung Bots роботи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.