По официјалната најава за достапноста на Windows 10, како и претставувањето на можноста за резервација на надградбата за компатибилните уреди, сепак некои прашање се’ уште останаа неодговорени.
Едно од главните прашања кои што ги поставуваат корисниците е дали по надградбата ќе може да се направи реинсталација на оперативниот систем. Без разлика што веќе одамна Windows функционира одлично после неколку години на користење, сепак негова реинсталација се препорачува за подобрување на перформансите, а посебно доколку се работи за компјутер кој што имал проблеми со вируси и слично.
Некои корисниците дури размислуваат дали да го форматираат својот Windows 7 или Windows 8.1 компјутер пред надградбата за да почнат со чист компјутер.
За среќа, одговорот на ова прашање е доста позитивен и доаѓа од Gabe Aul преку неговиот Twitter профил. Тој објаснува дека корисниците кои што направиле надградба на Windows 10, ќе можат да направат негова реинсталација во било кое време, дури и после истекот на првата година од достапноста.
@dinchy87 @PiotrGoreckiJr Once you upgrade W10 w/ the free upgrade offer you will able to clean reinstall Windows 10 on same device any time
— Gabriel Aul (@GabeAul) June 3, 2015
Тој исто така истакна дека корисниците нема да има потреба да ги чуваат сериските броеви од лиценцата, поради тоа што Windows 10 автоматски ќе биде активиран по инсталирањето на истиот уред на кој што била направена првичната надградба.
Корисниците би требало да имаат можност да ги користат вградените можности за ресетирање на компјутерот со и без бришење на податоците, а треба да бидат достапни и ISO фајлови за целосно нова инсталација.
Уште еднаш да напоменеме дека сето ова ќе важи само на уредот на кој што е направена првата надградба која што ќе стане достапна од 29-ти Јули оваа година. Повеќе информации за префрлување на лиценцата на друг компјутер се’ уште нема, како и дали ќе биде дозволена надградба на хардверот на компјутерот и задржување на лиценцата.
@dinchy87 @PiotrGoreckiJr You will not need your 8.1 key, the same device will reactivate once it has been successfully upgraded to 10. — Gabriel Aul (@GabeAul) June 3, 2015
@insanelyapple Either way will work. Once you’ve upgraded to 10 on the machine the license will allow you to reinstall at no cost.
— Gabriel Aul (@GabeAul) June 3, 2015