Start-10

Windows 10 постепено се движи кон финалната верзија која што треба да биде претставена ова лето. Во меѓувреме оперативниот систем е развиван на веќе познатиот неконвенционален начин преку учество на корисниците во неговото тестирање и испраќање на препораки и забелешки.

Моментално достапни се верзии од Windows 10 кои што се наменети за десктоп компјутерите, како и од неодамна за мобилните телефони. Меѓутоа остана да биде покажано како ќе изгледа оперативниот систем на уредите кои што се помеѓу овие два вида на уреди, односно помалите таблет компјутери.

Во помали таблет компјутери влегуваат оние со екран до 8 инчи, односно секој уред кој што има 8 или повеќе инчи, влегува во категоријата на уреди кои што ќе го имаат оперативниот систем наменет за десктоп. Користењето ќе може да се комбинира со веќе демонстрираниот таблет режим кој што ги зголемува сите апликации и прозори на целиот екран.

За помалите талбет компјутери беше најавено дека ќе работат на верзија од оперативниот систем која што е послична со таа за мобилните телефони, односно таа нема да вклучува десктоп околина и на неа нема да може да работат десктоп (win32) програмите.

Ова е и очекувано за овој вид на уреди кои што се премногу мали за да се користат и во десктоп околината. Сепак би било добро доколку постои можноста за вклучување на десктоп околината во случај на поврзување на уредот на поголем екран, како и маус и тастатура, кои што ќе бидат поддржани од системот.

Порталот Winbeta има дојдено до слики кои што конечно покажуваат како ќе изгледа работата со Windows 10 на помалите таблет компјутери, односно тие со 7 инчи. Сликите се сепак од прилично постара верзија од оперативниот систем, па до финалното пуштање се очекуваат повеќе промени.

Од сликите се гледа дека Windows 10 на овие уреди во основа ќе изгледа скоро исто како на мобилните уреди, само проширен и прилагоден за поголемиот екран. Поради раната верзија некои од деловите не изгледаат баш најдобро, односно се буквално мобилната верзија на поголем екран.

Меѓутоа од неколку апликации се гледа дека сепак тие ќе имаат можност да се прилагодат на големината на екранот, односно ќе ја искористуваат истата со нудење на повеќе делови од истата, слично како што изгледаат на десктоп.

Повеќе информации за Windows 10 на помалите талбет компјутери се очекува да бидат покажани на Build 2015 конференцијата која што се одржува на крајот од овој месец.

Извор: Winbeta, The Verge

Претходна статијаDARPA развива софтвер што нема да има потреба од надградби цел век
Следна статијаGalaxy A8 ќе биде најтенкиот Samsung досега!
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.