За време на Microsoft Build 2020, која се одржува само онлајн, Microsoft ја најави втората верзија од Windows Subsystem for Linux, односно WSL 2. Оваа функција која е дел од Windows 10 им овозможува на корисниците да користат одредени функции од некоја од достапните Linux дистрибуции, а соработката е најголема со Ubuntu.

WSL 2 веќе се знаеше дека ќе донесе поголеми подобрувања за корисниците, а една од нив е вклучувањето на целосен Linux Kernel со што ќе се овозможи подобра интеграција, како и одредени нови функции.

Една од главните новини која може да ја очекуваат корисниците со WSL 2 е можноста за вклучување на Linux апликации во нивна GUI форма, односно не само преку командна линија. Тоа значи дека апликациите од Linux ќе може да се пуштат во Windows 10 во нивната целосно, визуелна форма.

Покрај ова, WSL 2 донесува и поддршка за GPU хардверско забрзување, нешто што ќе придонесе и кон многу подобра работа на Linux апликациите кои сега ќе може да се вклучат целосно.

Корисниците и досега имаат можност да вклучат GUI апликација, но тоа се правеше на начин којшто не овозможуваше доволно добар квалитет и перформанси, нешто што од Microsoft целосно ќе го средат со WSL 2.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статија15-та Меѓународна академска конференција за европски интеграции – „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ”
Следна статијаОбјавена тендерска постапка за изработка на 3Д виртуелна прошетка низ културно – историското наследство во Битола
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.