full-screen-4-columns-startmenu

Insider програмата за добивање на многу новитети во Windows 10 пред тие да бидат јавно претставени е се уште достапна, сега со новиот Build 10547, кој донесува неколку корисни функции за корисниците и подобрувања кои најверојатно наскоро ќе ги видиме во официјалната надградба Treshold 2.

Прва видлива промена е во старт менито, каде во една група живи плочки сега може да има до четири “Medium” плочки, наместо три, што значи дека ќе може да ставите многу повеќе апликации. Сепак, за оние на кои тоа им е премногу, односно сакаат поминималистички пристап, и натаму ќе биде достапна опцијата со три живи плочки во една група.

normal-start-menu-4-columns

Во “Continuum” модот за таблети, се враќаат некои можности од Windows 8.1, како лесното ставање на две апликации една до друга и затворањето само со “Swipe” на прстот од врвот на апликацијата надолу. Овие две опции беа многу барани од таблет корисниците на Windows 8.1 и е добро што се уште веднаш достапни.

snap-windows-10-teeter

Визуелни промени има и во екранот за логирање во Windows 10, каде моментално ја има само Hero позадината и истата не е можно да се смени. Сега, корисникот може да избере своја позадина за екранот за логирање, исто како и позадината за заклучен екран и за десктопот.

Визуелните промени продолжуваат и кај иконите на програмите на Microsoft кои се ставени на таскбарот – употребена е благо сива боја наместо бела, а ќе има и целосно нов сет на икони низ целиот оперативен систем, кои конечно треба да ги заменат оние што останаа уште од Windows XP.

gray-context-menu-windows-10-10547

Конечно ќе биде унифицирано и менито на десен клик на маусот, кое сега е исто и кај модерните апликации, и во старите програми. Унифицирањето продолжува и во анимациите за отворање/затворање, кои се конечно достапни и во прозорците за модерните апликации, исто како кај програмите.gray-context-menu-windows-10-10547

За корисниците на “Snap” мултитаскинг можностите, сега со менување на големината на едниот прозор, автоматски ќе се менува големината и на другиот. Бидејќи е нешто што и јас лично многу го користам, оваа промена во големо ќе ги подобри можностите за мултитаскинг (сега мора да се менуваат големините на двата прозори посебно, што не е елегантно решение).

Како и во секој нов Build и сега Control Panel полека почнува да се спојува со Settings апликацијата, која исто така добива неколку промени и подобрувања, меѓу кои најинтересен е делот Privacy, каде сега може да им забраните на разни апликации да имаат пристап до вашиот мејл или други начини на комуникација.

control-panel-build-10547

Сите овие можности, како и некои други подобрувања, најверојатно официјално ќе ги видиме во Windows 10 Treshold 2, кој треба да биде претставен заедно со цела плејада уреди на Microsoft на 10 Октомври.

cast-media-device-windows-10-edge

Извор: Windows Central (1) (2)

Претходна статијаНовите Lumia 950 модели можно е да дојдат со додатоци вредни 200 евра
Следна статијаВоеното воздухопловство на САД наскоро ќе употребува и ласери