W10_Laptop_AUX_Clock-02

Уште пред официјалната достапност на Windows 10, корисниците добија можност да направат резервација за да бидат известени кога надградбата ќе биде достапна за нивниот компјутер. Ова беше дел од бесплатната понуда за надградба на корисниците кои што имаат лиценциран Windows 7 или понов.

Windows 10 стана достапен на 29-ти јули, а од тогаш е инсталиран на повеќе од 80 милиони компјутери, според најновите информации.

Сепак, бројот на корисници на компјутери е многу поголем, па бројката на корисниците кои што тек треба да ги инсталираат оперативниот систем е многу поголема. Корисниците се известувани преку email и оперативниот систем за достапноста на надградбата, па кога ќе сакаат ќе можат да се одлучат да ја инсталираат.

Со оглед на фактот што успехот на Windows 10 е навистина важен за Microsoft, тие се надеваат дека што повеќе корисници ќе мотивираат да го инсталираат овој оперативен систем. Некогаш, можеби тактиките кои што се користат не се баш најдобри и знаат да привлечат негативно внимание.

Во овој случај се работи за автоматско симнување на фајловите потребни за надградбата кај корисниците кои што имаат вклучено автоматско ажурирање на системот. Ова не е ништо ново, односно се користи и за стандардното ажурирање на системот, а се користи и од голем број на компании кои што развиваат софтвер. Корисниците се известуваат дека е достапна нова верзија по симнувањето на потребните фајлови, па целиот процес поминува многу побрзо.

Сепак, во случајот со Windows 10 проблемот кој што се јавува е големината на надградбата која што е од 3,5, па до 6 GB. Ова е многу повеќе од надградбите на еден интернет прелистувач на пример или на обичните безбедносни надградби на системот.

Од компанијата истакнуваат дека симнувањето на фајловите се прави со цел олеснување на процесот на надградба, а одлуката за инсталација останува кај корисниците.

За голем дел од корисниците кои што имаат неограничен интернет сообраќај или висок лимит, ова може и да не е некој проблем, меѓутоа доста корисници може да останат зачудени кога ќе им биде намалена брзината.

Извор: TNW, Geek

Претходна статијаAsus ROG Swift – ултра широк и заоблен 34 инчен монитор за гејмерите
Следна статијаWacom има ново пенкалце кое може да пишува на хартија, а текстот можете да го префрлите на вашиот телефон!
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.