На изненадување на сите, Microsoft минатата година овозможи поддршка за работа на Linux програми во Windows 10. Тоа го овозможи преку вклучување на Linux под-систем во самиот оперативен систем, преку кој овие програми ќе може да функционираат.
Ова се покажа како одлична новост за програмерите кои алатките достапни на Linux им се многу подобри за користење, а сепак сакаат да функционираат со Windows како основен оперативен систем.
Под-системот, меѓу другите, е направен во соработка и со Ubuntu, односно Linux дистрибуцијата која се инсталира е познатиот Ubuntu.
Сега корисниците кои сакаат да го вклучат Linux под-системот и да го инсталираат Ubuntu, тоа ќе може да го направат многу побрзо и едноставно. Ubuntu, целиот оперативен систем, е достапен преку Windows Store и корисниците се што треба е да притиснат на Install копчето како за било која друга обична апликација.
За потсетување, Ubuntu системот е достапен со цел користење на одредени Linux апликации и не е достапен графичкиот интерфејс на оперативниот систем.
Исто така, за да може да се користи, потребно е активирање на под-системот, а како тоа се прави можете да прочитате тука.
Ubuntu во Windows Store е достапен преку следниот линк.