Screenshot 2014-01-13 18.56.31

Ubuntu оперативниот систем има нова верзија на секој 6 месеци. Корисниците кои што сакаат можат да направат надградба на секоја од овие верзии. Меѓутоа брзиот циклус на надградби не е погоден за секој тип на корисник. Тоа посебно важи за не толку искусните корисници, а посебно владините институции или приватните компании. Поради тоа од Canonical ја избираат секоја четврта верзија од Ubuntu и за неа нудат долгорочна поддршка, која подразбира сигурносни надградби подолго време од останатите верзии. Долгорочната поддршка, односно LTS (Long term support) важи 5 години од излегувањето на стабилната верзија на Ubuntu за која што следува овој тип на поддршка. Петте години на поддршка важат за десктоп и сервер верзијата, каде што десктоп верзијата е израмнета со сервер верзијата и истата порано добиваше 3 години на поддршка.

Исто така од Canonical направија промена на времето на поддршка што го добиваат верзиите кои што не се дел од LTS поддршката, па сега тоа време изнесува 9 месеци. Тоа значи дека Ubuntu 13.04 кој беше направен достапен пред скоро 9 месеци, ќе престане да добиве поддршка, односно надградби заклучно со 27 Јануари 2014, односно му остануваат уште 2 недели на „живот“’.

Сите корисници им е препорачано да го надградат својот систем на наредната 13.10 верзија, чија што поддршка завршува во Јули 2014. Наредната верзија на Ubuntu, 14.04, е наредната верзија за која што следува новата 5 годишна поддршка, а истата ќе биде достапна од Април 2014.

Официјалното известување можете да го прочитате на следниот линк.

Претходна статијаFlash додатокот нема да работи на Chromium на Linux од Април
Следна статијаKolibree првата паметна четка за заби
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.