Долго време чекавме на достапноста на виџети во Windows 11 кои не се од Microsoft, доста долго за нешто што се очекуваше дека ќе биде достапно уште од самиот почеток на системот во 2021 година.

Како и да е, виџетите конечно почнаа да стануваат достапни, засега во тест верзиите од Windows 11, а првиот таков беше тој од Facebook Messenger.

Со најновата Windows Insider верзија во dev каналот сега се достапни два нови виџети, еден „конкурент“ на Messenger, а еден е само нов виџет од Microsoft, кој сепак е доста корисен.

Двата нови виџети се од Spotify и Phone Link. Корисниците можат да ги додадат како и секој друг виџет и да ги наместат на позицијата која што би сакале.

Како што може да се види од сликата, а и како што би се очекувало, Spotify виџетот дава предлог на „плејлисти“ кои може да ги слуша корисникот, додека Phone Link го прикажува поврзаниот Android смартфон и најновите известувања.

Веќе може да се види корисноста на делот за виџети во Windows 11, па кога ќе излезат уште барем неколку нови виџети и кога ќе станат достапни во стандардната верзија од системот, сигурно многу повеќе корисници ќе почнат да го користат овој дел.

Кога може да се очекува пуштање на новите виџети за сите корисниците, засега не е познато, а тоа што се тестираат во dev каналот значи дека не може да се очекуваат баш наскоро. Веруваме дека тоа ќе се случи некаде до оваа есен.  

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаGalaxy S23 серијата доаѓа само со Snapdragon 8 Gen 2 во целиот свет
Следна статијаЏони Ајв дизајнира црвен нос за Comic Relief и нивниот Red Nose Day
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.