Остануваат уште месец дена до почетокот на Microsoft Build 2014 конференцијата на кој што ќе биде претставен новиот Windows Phone 8.1. Редовно се наоѓа по некоја информација протечена на интернет која што покажува некоја од новите можности и функции што ќе бидат достапни во новата верзија од овој мобилен оперативен систем. Една од таквите информации беше и можноста за поставување на позадини на Start екранот, па од сликите објавени од страна на WindowsBlogItalia може да се види како ќе изгледа оваа нова можност.
За разлика од претходно очекуваното дека можноста за избор на позадини ќе биде слична на онаа на Windows 8, односно позади плочките, од сликите се гледа дека позадината ќе биде поставена на самите плочки. Поточно истите ќе бидат транспарентни доволно за да може да се види сликата на нив, а истата ќе се прикажува распределена на сите плочки. Според информациите оваа можност нема да биде достапна за сите плочки, односно некои од плочките како Office, Xbox Music, Games ќе го задржат својот оригинален изглед.
Извор: The Verge, WindowsBlogItalia