Фото: Shutterstock.com

Според информациите кои ги објавија Sammobile, Samsung изгледа веќе има завршено со развојот на One UI 8, верзијата од системот која е направена на основа на Android 16

Ова тврдење тие го темелат на ознаката на најновата верзија која ја имаат инсталирано на нивниот Galaxy S25 Ultra која користи бројка која обично не се користи за бета верзиите. Конкретно, верзијата која ја имаат инсталирано ја има бројката „BYFB“, а според нив бета верзиите започнуваат со „Z“. 

Доколку ова е точно, значи дека Samsung имаат завршено со развојот на One UI 8 или се во скоро завршна фаза. Оваа верзија може да е тие кои веќе не се бета, но поминуваат уште една кратка фаза на тест, по што може да се очекува пуштање за сите корисници.

Според Sammobile, а и според мене, пуштањето на One UI 8 надградбата може да се очекува по одржување на Galaxy Unpacked настанот кој е закажан за 9 јули, на кого стандардно ќе бидат претставени нови уреди, односно тие како Galaxy ZFold и Flip, нови часовници и слушалки и слично. 

Ова би било добро надоместување за корисниците по ланското доцнење, односно One UI 7 надградбата почна да им станува достапна на корисниците дури оваа година.

ИЗВОРSammobie
Претходна статијаWhatsApp ја воведе можноста за сумирање на разговорите со помош на вештачката интелигенција
Следна статијаСвечено отворање на „Златна рамка 2025“ и одбележување на 75 години ДФРМ
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.