Фото: Shutterstock.com

One UI 8 донесува една новина која ќе стави крај на практика која беше многу повеќе популарна порано. Се работи за можноста за отклучување на таканаречениот „bootloader“, по што се добива можност да се направат повеќе измени на уредот, меѓу кои и инсталирање на целосно друг систем. 

Иако има неколку причини за ваквото отклучување на системот, една од најпопуларните беше можноста за инсталација на друг систем. Порано доста познати беа таканаречените „Custom ROM“, а со развој на алтернативен систем со одличен дизајн на времето започнаа Xiaomi пред да се прошират кон денешниот начин на функционирање. 

Јасно е дека за повеќето корисници оваа можност не значи ништо, па нејзиното тргање нема да го промени начинот на којшто го користат нивниот уред. 

Информацијата за оваа промена доаѓа од SammyGuru кои ја имаат забележано во бета верзиите од One UI 8 на Galaxy S25, како и кај новите Galaxy Z Fold7 и Flip7. 

Не е целосно познато дали сепак оваа промена ќе биде направена и кај постарите уреди или само кај поновите. 

ИЗВОР9to5Google
Претходна статијаПлазма и Роса им посакуваат на првачињата успешен старт на учебната година со подарок пакетчиња
Следна статијаApple Pay стана достапен во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.