По ланското големо доцнење со пуштањето на One UI 7 надградбата, која стана достапна дури оваа година, One UI 8 може да се очекува доста порано.
По завршувањето на развојот на Android 16, Samsung веќе ја има завршено One UI 8 надградбата која е достапна уште од почетокот со новите уреди на преклоп од компанијата кои беа претставени овој месец.
За разлика од претходната верзија, One UI 8 не е толку голема, а корисниците можат да ја очекуваат на време оваа година, односно нема да се повтори доцнењето од „седмицата“.
Со оглед на тоа што новите уреди веќе работат на оваа верзија од One UI, логично е да се прашаме кога може да се очекува надградбата за останатите уреди.
Според информациите, оваа надградба може да се очекува после 30 јули, односно корисниците треба да ја очекуваат во август, за сигурно.
Ова засега не е официјално потврдено од Samsung, а според информациите сѐ уште се планира пуштање на уште една бета верзија во земјите каде што е достапно ова тестирање.
Како и да е, корисниците многу порано ќе ја добијат најновата верзија од One UI оваа година, без разлика дали тоа ќе биде еден месец порано или подоцна.