windows_10_wallpaper

За сите оние кои останаа на Insider верзиите на Windows 10, достапна е нова верзија со коден број 10525, која најавува неколку новитети што би можеле да ги добиеме во некоја наредна надградба на Windows 10.

Insider верзиите ќе бидат и понатаму достапни, со цел корисниците да можат да тестираат новитети, нови функционалности и промени во оперативниот систем. Insider верзиите сега ќеим бидат достапни само на оние кои имаат лиценцирана верзија на Windows 10, за разлика од претходно. Како и да е, доколку промените се покажат како успешни, овие промени потоа ќе можат да се имплементираат во финалната верзија на Windows 10.

Најголемата промена во однос на официјалната Windows 10 верзија е можноста да се менува бојата на Title Bar, Task Bar-от и Action Bar-от, односно онаму каде е сместено името на апликацијата, односно програмата и копчињата за минимизирање, зголемување/намалување и исклучување, долниот дел каде се наоѓа старт копчето и делот за нотификации. Сега е дозволен избор од многу бои, што е уште еден чекор кон подобра персонализација.

Color-Option

Понатаму, подобрен е и менаџментот на меморијата, со компресирање на датотеките кои не се користат во моментот, што ќе овозможи чување на многу повеќе апликации и програми во рам меморијата, а со тоа и ќе ги подобри перформансите.

Сепак, има и неколку проблеми со оваа верзија. Прво, не е возможно да споделувате интернет конекција, а исто така нема да бидат достапни ниту пакетите за корегирање на различни граматички грешки, како на пример за македонскиот јазик, а кои се сега достапни во сите апликации од Microsoft. Исто така, за да може да гледате видеа на оваа верзија, ќе мора да направите надградба на Movies&TV апликацијата.

Извор: Venture Beat

Претходна статијаSamsung Galaxy Note 5 го има најдобриот дисплеј од сите телефони досега
Следна статијаБидете потсетени во близина на вашиот дом со новата функционалност на MarkO