Иако Windows 10 се’ уште е официјално поддржан како оперативен систем од страна на Microsoft, а така треба да остане барем до 2025 година, сепак по пуштањето на Windows 11 јасно стана дека развојот на нови функции ќе биде насочен кон новиот Windows.

Windows 10 до 2025 ќе продолжи да добива исправки на багови, безбедносни надградби и по некоја мала новина, но не треба да се очекува нешто посебно ново кај овој систем.

Сепак, тоа изгледа нема да биде баш така, па според најавите за Windows 10 22H2, односно надградбата за системот за оваа година, ќе видиме нешто ново за корисниците кои уште се во голем број.

Microsoft уште не кажа што точно ново може да се очекува од аспект на функции, но конкретно истакна дека такво нешто ќе има и за кратко тие ќе најават што тоа ќе вклучува.

Најавата доаѓа од блог објава за пуштање на Windows 10 22H2 во Release Preview каналот од Insider програмата, што значи дека развојот на оваа верзија е скоро завршен.

Првичната објава содржеше основни информации, а подоцна беше ажурирана со најавата дека Windows 10 ќе има одредени нови функции, а што значи тоа од компанијата ќе споделат подоцна во годината.

Ова е одлична вест за корисниците кои не сакаат, а и доста од нив не ни можат да го надградат својот компјутер на Windows 11. Можеби не може да се очекуваат големи новини, но секако е добредојдена секоја мала новина која ќе го подобри корисничкото искуство.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаГрупацијата Арикома ја купува компанијата „Мусала Софт“
Следна статијаSamsung Electronics го лансираше првиот 240Hz 4K гејмерски монитор Odyssey Neo G8 на глобално ниво
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.