Cnet
Cnet

На MWC 2014 настанот Mozilla презентира промени во Firefox оперативниот систем кои што се планирани за оваа година и кои што треба да го оддалечат од познатиот интерфејс карактеристичен за Android и iOS. Ќе бидат направени промени на корисничкиот интерфејс, односно во системот за нотификации, начинот на префрлување од една во друга активна апликација, пребарувањето, како и пребарувањето и откривањето на апликации.

Промените ќе подразбираат нов начин на навигација низ интерфејсот, како и промена на локацијата на одредени функции. Поточно навигацијата ќе се прави повеќе преку користење на гестови, па така на пример повлекувањето од левиот или десниот раб на екранот ќе врши менување на активните апликации. Ова може да се спореди со гестовите во Windows 8, односно во овој случај со гестот на менување на активните апликации со повлекување од левиот раб на екранот.

Исто така на горниот дел од екранот ќе биде прикажан наслов на мала лента кој што ќе ја покажува апликацијата или веб страната на која што се наоѓа корисникот. Со мало повлекување од горниот дел лентата се претвора во поле за пребарување преку кое што корисникот може да пребарува содржина на мобилниот или на интернет. Со целосно повлекување се појавува листа на активните апликации, односно Task Switcher функцијата. На оваа позиција моментално се наоѓа центарот за нотификации кој што во новата верзија ќе биде преместен на долната страна, односно до него ќе се пристапува со повлекување од долниот раб на екранот.

Покрај овие очигледни функционални промени, тие ќе вклучат и генерално подобрување на работата на оперативниот систем, што треба да придонесе за потечно работење на апликациите и новите транзиции.

Извор: Cnet

Претходна статијаBlackphone претставен на MWC 2014 во Барселона
Следна статијаQualcomm најави три нови Snapdragon процесори
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.