miui-nexus-7

MIUI е посебно променета верзија од Android оперативниот систем, односно custom rom како што се нарекуваат. Поради тоа што Android е open source секој со доволно познавање може да го промени оперативниот систем и да го направи онака како што сака. За инсталирање на овие посебно изработени верзии од Android постојат одредени процедури, за кои што ќе пишуваме посебни статии, кои што бараат одредени промени на оперативниот систем, односно негово отклучување.

MIUI е направен од страна на кинеската компанија Xiaomi која што работи со дизајн и развој на паметни телефони, апликации и други вид на потрошувачка електроника. MIUI е најпознат по неговиот кориснички интерфејс кој што е направен доста слично на iOS корисничкиот интерфејс, односно акцентот е ставен на иконите кои што се со истакнати бои, сите апликации се поставуваат автоматски на home екранот и слично. Сепак MIUI доаѓа и со одреден број на сопствени апликации, како SMS апликација, AntiVirus, менаџер на лозинки и повеќе.

MIUI сега е достапен за инсталирање на Nexus 7 2013, односно втората генерација од овој популарен таблет компјутер кој што доаѓа само со Wi-Fi конекција. Како што нагласуваат од Xiaomi оваа верзија не е само зголемена верзија од таа што се користи на мобилните телефони, туку истата е посебно направена и дизајнирана за таблет компјутерите и прилагодена за двете ориентации во кој што истите се користат, односно landscape и portrait.

Извор: MIUI

Претходна статијаMicrosoft го претстави OneNote за Mac
Следна статијаВизит карта на која ќе можете да играте Tetris
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.