Корисниците на Windows 11 добиваат нова можност полесно да се информираат за сите новини кои се планирани за системот, како и тие кои веќе се пуштаат или се пуштени.
Ова ќе може да се следи преку новата Windows Roadmap веб страна која ја пуштија од компанијата, а најмногу ќе им се погоди на администраторите во компаниите.
Од Microsoft истакнуваат дека ова е едно од поголемите барања кои ги добивале од администраторите во светот, па сега тие ќе можат точно да знаат за што ќе треба да ги подготват компјутерите на вработените, кои не ретко се во огромен број.
Преку Windows Roadmap страната ќе можат да се видат функциите кои се дел од Windows Insider програмата, тие кои постепено се пуштаат, како и тие кои се веќе пуштени.
До секоја од функциите ќе стои дата, па корисниците ќе можат да видат кога точно одредена функција е во план да стане достапна, иако од компанијата се нагласува дека го задржуваат правото да дел од нив ги откажат.
Оваа нова страна ги прикажува новините поврзани со стандардните верзии од Windows 11, како и Copilot+ компјутерите, а за истите има и најмногу новини. Тоа значи дека дел од страната не се верзии како Windows Server и слични.