Како дел од Windows 11 Insider Preview Build 27898 од Canary каналот, Microsoft претстави нова функција која треба да ја подобри издржливоста на батеријата кај лаптоп компјутерите.
Функцијата е наречена „Adaptive energy saver“ и истата автоматски ќе го вклучува режимот за заштеда на енергија, дури и кога батеријата не е при крај, како што обично функционира овој режим.
Вклучувањето на режимот ќе зависи од нивото на користење на компјутерот во моментот од страна на корисникот, па доколку тоа што го прави не бара многу ресурси, Windows 11 може да се обиде да заштеди дополнителна енергија.
Единствената разлика од стандардното вклучување на режимот за заштеда на енергија е што при адаптибилното вклучување нема да се намалува светлината на екранот, што е логично.

Режимот за заштеда во основа ја намалува енергијата која е достапна на процесорот и графичкиот процесор, па доколку корисникот само разгледува веб страни, нема потреба од трошење на енергија.
Со оглед на тоа дека се работи за функција која се тестира во Canary каналот, не е познато дали и кога може да се очекува оваа новина за сите корисници.