Фото: Shutterstock.com

Во најновата тест верзија за Dev каналот од Windows Insider програмата, односно верзијата 26220.6690, Microsoft тестира можност за споделување на прозорот од отворените апликации во Copilot. 

Со ова корисниците ќе можат да ја искористат Copilot Vision функцијата, односно да добијат повеќе информации за тоа што се прикажува на екранот, како и да го продолжат разговорот со Copilot. 

Оваа новина вклучува додавање на ново „Share with Copilot“ копче на малата слика од отворениот прозор која се прикажува кога ќе се помине со курсорот врз иконата од таа апликација на долната лента.

Фото: Microsoft

Можеби оваа новина за некои корисници ќе биде корисна, но останува фактот дека истата е направена баш во типичниот стил на Microsoft. 

Уште од самиот почеток на Copilot, од компанијата ја додаваат вештачката интелигенција во сите нивни производи, каде и да стигнат, па еве сега можно е да имаме уште еден начин како да стигнеме до овие алатки. 

Од компанијата дури планираат автоматски да ја инсталираат Microsoft 365 Copilot апликацијата за корисниците на Word, Excel и другите.  

Со оглед на тоа што оваа новина е дел од Dev каналот, сепак не можеме да знаеме дали ќе биде додадена за сите корисници. 

Претходна статијаМали тркачи, големи победи – Виталиа ја испиша највеселата спортска приказна на годината
Следна статијаWeekend.18 ги надмина сите очекувања – Рекордите се срушени, импресиите трајни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.