Microsoft додаде темна тема кај Windows уште од Windows 10 пред десетина години. Сепак, уште од тогаш, делови од корисничкиот интерфејс не беа прилагодени да ја користат темната тема, а тоа остана така и со претставувањето на Windows 11. 

Windows 11 е познат по тоа што сѐ уште има и делови од корисничкиот интерфејс кои не го користат новиот дизајн на системот, а има и такви кои се останати од пред 20 години, па и повеќе. 

Во најновите бета и програмерски тест верзии од Windows 11, Microsoft најави дека донесува подобрувања во одредени делови од корисничкиот интерфејс кога се користи темната тема. 

Конкретно овие подобрувања се однесуваат на File Explorer, a за деловите кога се копираат, преместуваат и бришат датотеките, потоа на лентата со статус за преместувањето на датотеки, како и повеќе други „дијалози“ кои прикажуваат информации. 

Фото: Microsoft
Фото: Microsoft

Иако има уште доста делови од системот кои не се прилагодени за темната тема, сепак овие делови од File Explorer се користат доста почесто, па може да се каже дека Windows 11 ќе изгледа доста подобро. 

Со овие тест верзии од Windows 11, Microsoft започна и со блокирање на познатите механизми за инсталација на системот без најава со Microsoft сметка. 

Претходна статијаИновации, роботика, хибридни возила и одржливи решенија – што нè очекува на „Енерго-Технома 2025“
Следна статијаПуштена Ubuntu 25.10 верзијата која го носи името „Questing Quokka“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.