Фото: Microsoft

Околу месец дена по пуштањето во Release Preview каналот од Windows Insider, Microsoft официјално ја пушти Windows 11 25H2 верзијата за сите корисници. Како и секогаш, тоа не значи дека како на macOS и Linux страната дека сега сите ќе започнат со процесот на надградба, па на повеќето и нема ни да им биде понудена веднаш. 

Windows 11 2025 Update, како што е официјално наречена, ќе ја добијат прво корисниците кои ја имаат вклучено „Get the latest updates as soon as they’re available“ можноста, но и тогаш системите на Microsoft ќе мора да имаат проценето дека истата нема да направи проблем со конкретниот компјутер. 

После неколку познати проблеми по надградба на Windows, Microsoft го почна овој претпазлив и побавен процес на надградба, па повеќето корисници може да се очекува дека ќе го завршат во месеците што следат. 

Windows 11 25H2 е доста мала надградба, односно истата не донесува некои посебни новини. Интересно е што сите новини кои беа пуштени изминатиот период, како и тие кои ќе бидат пуштани во наредните година дена, ќе им бидат достапни и на корисниците на 24H2 верзијата. 

Тоа во главно е така поради тоа што двете верзии ја делат истата основа на кодот, па поради тоа и надградбата на 25H2 е брза, па подразбира само активирање на истата. 

Microsoft истакнува дека сепак оваа верзија донесува подобрувања кај кодот, како и безбедноста со помош на вештачката интелигенција, а тргната е поддршката за две функции, PowerShell 2.0 и Windows Management Instrumentation command-line. 

Корисниците кои доаѓаат од постара верзија на Windows 11, сепак ќе имаат нешто подолг процес на надградба, односно процес каков што обично и би очекувале. 

Како и секоја од верзиите, Windows 11 25H2 верзијата добива 24 месечна поддршка, а истата е 36 месеци за Enterprise и Education верзиите. 

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаOpenAI го претстави Sora 2 моделот за генерирање видеа заедно со посебна апликација
Следна статијаSamsung и OpenAI најавуваат стратешко партнерство за забрзување на развојот на глобалната AI инфраструктура
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.