Microsoft го отвори кодот на една од поважните Windows 11 функции достапни за програмерите. Подобра кажано, ова е една од поважните функции кои ги има пуштено Microsoft во остварувањето на целта повеќе програмери да го користат нивниот систем. 

Се работи за Windows Subsystem for Linux, односно кратко WSL, функција која овозможува користење на Linux апликации директно во Windows, а тоа најчесто се користи за „терминал“ апликациите. 

WSL во основа е виртуелна машина која овозможува инсталација на Linux дистрибуција, која во поновите верзии овозможува и целосно користење на графичкиот интерфејс од инсталираниот систем. 

Со издвојувањето на WSL од кодот на Windows, добиена е можноста за отворање на кодот. 

Програмерите со оваа промена ќе можат директно да придонесуваат кон развојот на кодот на функцијата, а тоа може да доведе до повеќе нови функции, исправка на грешки и слично. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаEurope House: Сите за Кочани – Трчаме заедно
Следна статијаПроКредит Банка ја претстави ProActive платформата со која започнува нова ера на одговорно банкарство
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.