По пуштањето на Windows 11 25H2 надградбата во Release Preview каналот од Windows Insider програмата, стана јасно дека официјалното пуштање на годинешната главна надградба на системот е блиску.
Сега од компанијата ги направија достапни и датотеките потребни за надградба на оваа верзија за корисниците кои сакаат тоа да го направат порано или едноставно сакаат да направат целосно реинсталација на Windows 11 на нивниот компјутер. Достапни се и датотеки за активација на новата верзија, за корисниците на 24H2 верзијата.
Како што веќе знаеме, Windows 11 25H2 надградбата ја дели истата основа на кодот како 24H2, па процесот на инсталација ќе биде едноставен и краток, односно во основа се работи само за активирање на верзијата.
Windows 11 во главно добива една поголема надградба во текот на годината, но оваа година Microsoft изгледа го менува ова темпо, односно стил на надградба на системот.
Повеќето новини за кои можевме да читаме оваа година нема да станат достапни со инсталацијата на 25H2, а поголемиот дел од нив ќе им бидат достапни и на корисниците кои ќе останат на 24H2 верзијата.
Тоа значи дека, на пример, изменетото Старт мени ќе им биде пуштено и на корисниците на Windows 11 24H2, што значи дека тие нема да мора да ја инсталираат најновата верзија од Windows 11 за да го добијат ова подобро мени.
Од ова може да се заклучи дека Windows 11 веќе не добива листа на повеќе новини кои се пуштаат со една главна надградба, па Microsoft дефинитивно се трга од класичниот стил кој се користи од повеќето конкуренти.
Дали ова е официјална промена или истата е само оваа година, ќе мора да почекаме да видиме, а и дали наскоро можеме да ја видите Windows 12 верзијата.
Како и да е, во неделите што следат може да се очекува и официјалното пуштање на Windows 11 25H2 за сите корисници, но ова очигледно не е нешто кое со нетрпение ќе го чекаме.