Фото: Depositphotos

Windows 10 требаше да престане да постои во октомври оваа година, но со пуштањето на програмата за продолжена поддршка, Microsoft го продолжи животот на овој систем за уште три години. 

За првпат од компанијата програмата ја овозможија и за приватните корисници кои можат да добијат една година продолжена поддршка, а истото ќе ги чини 30 долари или најавување со Microsoft сметка. 

Тоа значи дека огромниот број на корисници на Windows 10, кои станаа помалку од тие на Windows 11 пред само неколку месеци, ќе можат да продолжат да го користат системот без ризик уште една година. Со тоа 14 октомври 2025 година веќе станува не толку важна дата. 

Поради ова очекувано е дека голем дел од апликациите ќе продолжат да добиваат поддршка за Windows 10, иако тоа нема да важи за сите. 

Една апликација која ќе остане поддржана е Microsoft Edge, а овој прелистувач ќе добива поддршка, заедно со WebView2 платформата и нови функции се до октомври 2028 година. 

Ова очигледно е поврзано со официјалниот и финален крај на Windows 10, па има време до тогаш, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. 

Се очекува дека и други апликации ќе продолжат да добиваат поддршка на Windows 10, а тоа е скоро загарантирано со 700-те милиони корисници кои сѐ уште го користат системот. 

Една од најдобрите алтернативи за корисниците кои не сакаат или не ни можат да го користат Windows 11 е префрлување на Linux, но тоа сепак не е до толку едноставно за повеќето, а тука е и ситуацијата со достапните игри. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаКинеските власти им препорачуваат на компаниите да не ги користат чиповите од Nvidia
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.